ОСТАВИЛА ДОМА 5 МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА И ЗАМИНАЛА ЗА СКОПЈЕ Велешанка уапсена во Ѓорче Петров

Против неа ќе биде покрената соодветна пријава, информира СВР Велес.

881

Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.

Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини