ОСТАВИЛ ‘РШУМ, ПРОВАЛИЛ ВО 4 ОБЈЕКТИ ЗА 4 ДЕНА Се бара притвор за 20-годишен скопјанец
Серијата провали и кражби завршила на 26 мај кога осомничениот ја скршил вратата, влегол и зел 2.000 денари од кутијата за пари во автомат за кафе, во сопственост на правно лице.
Во 4 денови во текот на мај скопјанец успеал да изврши 4 провали во објекти и, како што соопшти Основното јавно обвинителство, да изврши 4 големи кражби. За 20-годишникот обвинителство предложи притвор.
Според соопштението, првиот удар 20-годишникот го задал на 6 мај. Со алат и физичка сила ја скршил вратата од кафе-бар во трговски центар и однел алкохол вреден 25.664 денари.
Следната цел ја одбрал на 23 мај, по полноќ. Влегол во билијард клуб и одзел 28.692 денари од касата.
Два дена подоцна, наутро на 25 мај, тој повторно насилно влегол – овојпат во продавница, од каде украл уште 2.000 денари.
Серијата провали и кражби завршила на 26 мај кога осомничениот ја скршил вратата, влегол и зел 2.000 денари од кутијата за пари во автомат за кафе, во сопственост на правно лице.