🎥 ОСТАВЕН КУФЕР НА ВИСОКОРИЗИЧНО ЈАВНО МЕСТО ПОДЛЕЖИ НА АНТИТЕРОРИСТИЧКА ПРОВЕРКА Двајца странци го оставиле багажот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ

Плусинфо ексклузивно објавува две видеа на кои се гледа како мажот и жената полека се доближуваат до паркингот за велосипеди под големиот билборд на партијата ВМРО-ДПМНЕ, при што гледаат наоколу и нагоре. Мажот набрзина го остава црниот куфер до паркирните велосипеди и двајцата забрзано го напуштаат местото.

2,581

Машко и женско лице, државјани на Швајцарија, се двете лица кои вчера го оставија сомнителнот куфер на плоштадот ВМРО, во близина на седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и на Јавното претпријатие за државни патишта.

Мажот е Р.С., роден во 1987 година, а жената е В.С.Х., родена во 1985 година. Двајцата влегле во Македонија вечерта на 1 октомври 2025 година, пред 9 дена, со ист авионски лет од Цирих.

 






 

Плусинфо ексклузивно објавува две видеа на кои се гледа како мажот и жената полека се доближуваат до паркингот за велосипеди под големиот билборд на партијата ВМРО-ДПМНЕ, при што гледаат наоколу и нагоре. Мажот набрзина го остава црниот куфер до паркирните велосипеди и двајцата забрзано го напуштаат местото.

Поради нивното сомнително однесување полицијата вчера ги евакуираше зградите во околината и го провери куферот. Била извршена антитерористичка проверка на куферот, според законските овластувања. Се испостави дека куферот е празен.

Двете лица се пронајдени врз основа на надзорните камери.

 

 

Во сите современи држави, вклучително и во Македонија, оставањето багаж или предмет без надзор на јавно место се смета за потенцијален безбедносен ризик. Полицијата има законска обврска да реагира кога постои сомневање дека предметот може да содржи опасни материи, експлозив или да биде дел од кривично дело. Реакцијата е дел од превентивните мерки за заштита на јавната безбедност, особено во периоди кога постојат зголемени безбедносни закани, како пожари или подметнати направи.

Во такви случаи, полицијата најпрво го обезбедува просторот, го изолира предметот и повикува стручни екипи за противдиверзиска проверка. Законот за полицијата овозможува времено одземање и проверка на сомнителни предмети без судски налог, ако постои непосредна опасност по животот или имотот на граѓаните.

Оваа пракса не претставува прекршување на човековите права, бидејќи се темели на принципот на пропорционалност и јавен интерес. Целта е да се спречи можен инцидент, а не да се навлезе во приватноста на граѓаните. Оттука, секоја пријава или сомнителен предмет – особено во чувствителни објекти како седишта на политички партии – оправдано предизвикува итна реакција на полицијата.

 

Информацијата за оставениот сомнителен куфер пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ вчера предизвика и реакции во јавноста. Некои делеа шеги, а некои беа морбидни. Перјаницата на СДСМ, Бранко Тричковски објави коментар дека „најдобар предизборен штос би било кога во куферот би го напикале распарченото тело на Христијан“.

 

СОМНИТЕЛЕН КУФЕР ОСТАВЕН НА ПЛОШТАДОТ „ВМРО“ Полицијата утврдила дека е празен

Поврзани содржини