ОСТАВАЛЕ СВИНСКИ ГЛАВИ ПРЕД ЏАМИИ КАЈ ПАРИЗ, СРБИЈА ГИ УАПСИ Српски активисти боеле синагоги во зелено
Освен во Париз и Берлин, нивните акции биле насочени кон објекти поврзани со еврејски и муслимански заедници. Истрагата открила дека акциите биле внимателно координирани со случувањата во Газа.
Србија уапси 11 граѓани кои поставувале свински глави пред џамии и фрлале зелена боја фрлена врз синагоги и споменици во Париз и во Берлин, во екот на тензиите околу војната во Газа, пренесе „Гардијан“.
Главниот осомничен со иницијали М.Г. исчезнал, а српските власти тврдат дека дејствувал по „инструкции на странска разузнавачка служба“ и организирал шокантни симболички напади.
Српското Министерство за внатрешни работи информира дека 11-те приведени се дел од поширока група од 14 лица, кои биле активни меѓу април и септември 2025 година.
Освен во Париз и Берлин, нивните акции биле насочени кон објекти поврзани со еврејски и муслимански заедници.
„Фрлање зелена боја на споменици, синагоги и еврејски ресторани, како и оставање свински глави пред верски објекти – сето тоа било дел од обиди да се разгорат меѓурелигиски тензии“, се наведува во соопштението на министерството.
Нивните активности помеѓу април и септември 2025 година вклучувале „фрлање зелена боја на споменикот на Холокаустот [споменик во Париз], неколку синагоги и еврејски ресторан“.
Поединците, исто така, поставиле „свински глави во близина на муслимански верски објекти, сите во областа на Париз, како и пред Бранденбуршката порта во Берлин“, се продолжува во соопштението.
Истрагата открила дека акциите биле внимателно координирани. Некои биле реализирани во синхронизација со големи настани поврзани со конфликтот во Газа, со цел да се искористи политичката и емотивна напнатост за ширење деструктивна порака.
– Ова се дејствија со намера да се поттикне омраза, дискриминација и насилство – истакна извор запознаен со истрагата, посочувајќи дека дел од операцијата се водела од странство.
Сите осомничени се притворени во Смедерево, во близина на Белград, каде што ќе бидат испрашани во наредните 48 часа.
Министерството нагласува дека Белград одржува блиски односи со Москва и дека неодамна ја промовираше верзијата на руската служба СВР дека Европската унија стои зад обиди за „шарена револуција“ во Србија.
Србија и натаму одбива да се приклучи на санкциите против Русија и одржува редовни летови кон Санкт Петербург и Москва.