ОСТАТОЦИ ОД ЧОВЕЧКО ТЕЛО ПРОНАЈДЕНИ ВО СОПОТ Идентитетот ќе се утврди со ДНК анализа

Случајот бил пријавен вчера во 16.40 часот во полицијата во Кавадарци.

336

Остатоци од човечко тело се пронајдени во кавадаречкото село Сопот.

„Во ОВР Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело. Случајот бил пријавен вчера во 16.40 часот. Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци“, соопшти денеска СВР Велес.






По наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, се додава во соопштението.

Поврзани содржини