ОСТАНУВААТ КАЗНИТЕ ОД 18 И 16 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО НА ДЕНИС ТОТ Врховниот суд ги одби жалбите

На 30 ноември 2022 година Кривичниот суд ги осуди Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска на 18 години затвор, а Андреј Костовски на 16 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред скопската дискотека „Привилиџ“ во април истата година.

207

Врховниот суд донесе пресуда по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, со која се отфрла жалбата на одбраната.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ., К.Л. и А.К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 05.06.2023 година, ги одби како неосновани“ – се вели во известувањето на Врховниот суд.






На 30 ноември 2022 година Кривичниот суд ги осуди Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска на 18 години затвор, а Андреј Костовски на 16 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред скопската дискотека „Привилиџ“ во април истата година.

АНЏЕЛО И КЛЕМЕНТИНА ОСУДЕНИ НА 18 ГОДИНИ ЗАТВОР, АНДРЕЈ ЌЕ ОДЛЕЖИ 16 Обвинетите за убиството на Денис Тот ја слушнаа пресудата

 

Поврзани содржини