ОСТАНУВА САМО АМБАСАДАТА ВО БЕРЛИН Русија ги затвора дипломатските претставништва во Германија

Овој потег доаѓа откако Русите го ограничија бројот на вработени во германската амбасада во Русија

339

Германската влада најави дека Русија ќе затвори четири дипломатски претставништва во Германија. Овој потег доаѓа откако Русите го ограничија бројот на вработени во германската амбасада и сродните тела во Русија. Кремљ најави дека само 350 германски дипломати можат да останат на руска територија.

Русија има конзулати во Бон, Франкфурт, Хамбург, Лајпциг и Минхен. Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Кристофер Бургер,  изјави дека на Русија ќе и биде дозволено да ја продолжи работата на амбасадата во Берлин и уште еден конзулат по крајот на годината.






Руската влада неодамна објави дека максимум 350 германски владини службеници, вклучително и оние кои работат во културни тела и училишта, би можеле да останат во Русија. Тоа значи дека Германија до ноември ќе мора да ги затвори конзулатите во Екатеринбург, Новосибирск и Калининград. Отворени ќе останат само амбасадата во Москва и конзулатот во Санкт Петербург.

Поврзани содржини