„Останете безбедни, спасете животи“ – нова порака за Британците

Џонсон, според британските медиуми, в недела ќе го објави намалувањето на мерките.

318

Британските власти се подготвуваат од идната недела да укинат дел од рестриктивните мерки и имаат нова порака до граѓаните – „Останете безбедни, спасете животи“.

Новата порака ја објави британскиот премир Борис Џонсон на Твитер.






Прво ќе им биде дозволено на граѓаните да ги посетат парковите, плажите и руралните делови на земјата, но само ако се придржуваат до правилото за физичка дистанца. Исто така предвидено е отворање на пабовите и кафулињата со градини, а ќе се разгледа и враќање на неконтактните спортови, како што се голфот и тенисот.

Џонсон, според британските медиуми, в недела ќе го објави намалувањето на мерките.

Поврзани содржини