Останавте без работа, која мерка на владата може да ја користите?
Работниците кои биле пријавени на неодредено вртеме и добиле отказ за време на крицата,, според мерките на владата, може да користат паричен надоместок преку Агенцијата за вработување.
Имав договор на неопределено време, меѓутоа поради целата ситуација, газдата ми даде отказ. Дали може да искористам некоја од мерките на Владата?е едно од прашањата на работниците кои го упатиле до владата на контакт телефонот на владата. Како што соопштија од владата од 6 до 11 април на овој телефон биле поставени 1.579 јавувања. Најмногу од нив биле за економските мерки, а ги поставиле, работници и бизнисмени. Од институциите сѐ уште нема информација, одвен за бескаматните кредити, колку работници кои добиле отказ и колку компании кои имаат потреба за користње на една од мерките на владата аплицирале за нив.
Работниците кои биле пријавени на неодредено вртеме и добиле отказ за време на кризата,, според мерките на владата, имаат право да користат паричен надоместок преку Агенцијата за вработување. Оние, пак, кои се ангажирани во неформалната економија можат да добијат парични надоместоци преку системот за социјална заштита, што се остварува преку надлежниот центар за социјална работа (гарантирана минимална помош, енергетски додаток и образовен додаток).
Според владините мерки кои се реализираат преку Агенцијата за вработување, работниците кои останале без работа, имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци.
Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.
Надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. И тоа паричен надоместок се исплатува 1 месец, ако лицето има стаж на осигурување најмалку 9 месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.
Од 5 до 7,5 годинии стаж надоместокот се прима 4 месеци. Ако лицето има стаж од 10 до 12,5 години, надоместокот се исплатува 6 месеци, а доколку има стаж над 25 години – 12 месеци.
Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци.
Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во земјата објавена за последниот месец.
Граѓаните што останале без работа поднесуваат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.
Парични надоместоци преку системот за социјална заштита, (гарантирана минимална помош, енергетски додаток и образовен додаток) се остварува преку надлежниот центар за социјална работа.