ОСТАНАВМЕ СМИРЕНИ И ЈА НАПРАВИВМЕ МАКЕДОНИЈА ГОРДА Лазаров им честиташе на ракометарите на Алкалоид за триумфот во Атина
Бевме психолошки максимално подготвени на сè. Можеби не требаше да реагираме на публиката. Имавме предност од три гола разлика во тие моменти, и очигледно беше дека сакаат да направат фора за да го свртат натпреварот во своја корист. Можеби мислеа и дека ќе наидат на млади и неискусни ракометари. Но…., изјави селекторот на Алкалоид и им честиташе на ракометарите за триумфот.
Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид, Кире Лазаров истакна дека е премногу горд на своите момци Македонци кои покажаа како се брани македонскиот ракомет во Европа. Tој го пофали тимот дека останал смирен покрај тешкиот натпревар со провокации од публиката.
Алкалоид триумфираше над АЕК среде 8.000 грчки навивачи во Атина со 25-29 и покрај инцидентот во 40.минута кога предмети беа фрлани од трибините и шише го погоди Митев.
„Мора да им честитам на момците! Секоја чест за овие момци Македонци! Се гордеам со нив! Се договоривме да бидеме храбри и мудри, и така беше во текот на целиот натпревар иако воопшто не беше лесно со оглед на целокупниот притисок. Голманите беа на одлично ниво. Да, сите допринесоа многу да дојдеме до оваа голема победа од четири разлика, но мора да знаеме дека имавме вкупно 18 одбрани. Да не беше така сигурно и резултатот нема да беше тој. Сè што се договоривме во 90% го исполнивме на мечот.
Ние бевме подготвени на сè, можеби и на потешки провокации, пожестока атмосфера. Бевме психолошки максимално подготвени на сè. Можеби не требаше да реагираме на публиката. Имавме предност од три гола разлика во тие моменти, и очигледно беше дека сакаат да направат фора за да го свртат натпреварот во своја корист. Можеби мислеа и дека ќе наидат на млади и неискусни ракометари. Но….“.
Сега останува малку да ја прославиме оваа победа. На толку работа и труд треба да се даде мала оддишка. Заслужија овие момци затоа што ја направија горда нацијата, бидејќи ова не е било каква победа. Останува пред нас краток одмор, затоа што направивме многу, можеби и го изненадивме противникот, но мора да знаеме дека ништо не е завршено. Ќе се подготвиме добро. Ни претстои реванш и затоа мора да бидеме многу, многу внимателни!“, истакнува Лазаров.