ОСТАНАВМЕ БЕЗ УШТЕ ЕДНА ЛОКОМОТИВА Железници се сомнева дека некој ги саботира

Направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага.

122

Украден е кабел од влечен мотор и кабли од манипулатор поради што една локомотива не е веќе во возна состојба, соопшти денеска Железници на РСМ Транспорт АД Скопје.

Со тоа е направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага.






„На 03 октомври 2022 година, во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, во Одделот за одржување на влечните средства, утврдена е извршена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива серија бр. 642 и делови и кабли од манипулатор. Поради кражбата на деловите и дополнителните оштетувања, оваа локомотова не е повеќе во возна состојба, со што е направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага истата“, се наведува во соопштението на Железници.

Кражбата е пријавена во Министерството за внатрешни работи. Одделот на криминалистичка техника ја утврдил фактичката состојба и започната истражна постапка.

„Бидејќи кражбата е извршена во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стојат претпоставките дека оваа кражба не претставува ништо друго, туку саботажа на работењето на компанијата“, се додава во соопштението на Железници.

Поврзани содржини