ОСПОРЕНА ВЛАДИНАТА ОДЛУКА ЗА БРОЈОТ НА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНИТЕ СОВЕТИ Уставниот суд отвори предмет по две иницијативи
Владата на седницата на 24 септември 2024 година го утврди бројот на членовите на советите на општините врз основа на, како што се наведува, Законот за Владата и на Законот за локалната самоуправа. Според владината одлука најмалиот број на членови на локален совет е 9, а најголем е 27 члена.
Уставниот суд отвори предмет по две иницијативи за оценување на уставноста и законотоста на одлуата со која Владата на 24 септември 2024 година го утврди бројот на членовите на советите на општините.
Првата иницијатива е од Скендер Реџепи, според кој оспорената одлука создава правна несигурност, бидејќи Владата ја донела оваа одука без законско овластување.
„Во иницијативата е наведено дека Владата нема законско овластување за вакви одлуки и дека бројот на членовите којшто е определен со оспорената одлука е различен од начинот предвиден во членот 34 од Законот за локална самоуправа. Се наведува дека Одлуката не содржи податоци врз основа на кои е определен бројот на членовите на советите, што истата ја прави нејасна и спротивна на член 9 алинеја 3 од Уставот“, соопшти Уставниот суд.
Втората иницијатива за оценување на оваа владина одлука е поднесена од Ќенан Алија, кој наведува дека таа е во спротивност со член 8 алинеја 3 и член 51 од Уставот, како и со членови од Законот за локална самоуправа.
„Во иницијативата се наведува дека извршната власт не може да го одредува бројот на членови во советот на општините спротивно од официјалните податоци добиени од Пописот во 2021 година“, соопшти Уставнот суд.
Владата на седницата на 24 септември 2024 година го утврди бројот на членовите на советите на општините врз основа на, како што се наведува, Законот за Владата и на Законот за локалната самоуправа. Според владината одлука најмалиот број на членови на локален совет е 9, а најголем е 27 члена.
Согласно Законот за локалната самоуправа, бројот на членови во општинскиот совет се утврдува според бројот на жителите во општината, а не мое да биде помал од 9, за општини под 5.000 жители и поголем од 33, за општини над 100.000 жители.