КОСОВЕЦ ГО ЗАПАЛИЛ ПОДРУМОТ НА ОПШТИНА ТЕТОВО Уапсен е за подметнување пожар

38-годишниот Б.Р. се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на Општина Тетово.

252

Полицијата во понеделникот лишила од слобода Косовец поради сомнение дека го подметнал пожарот во подрумските простории на Општина Тетово.

„На 07.10.2024 во 20.15 часот на улица Маршал Тито во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од Република Косово, со привремен престој во Скопје. Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на Општина Тетово. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини