ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ОСТАНУВААТ ЗАД РЕШЕТКИ Постои можност да побегнат од државата!

Осомничените за убиството на Данка се во притвор од 6 април поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на трагите на делото, како и вознемирување на јавноста.

582

Вишото јавно обвинителство во Заечар му предложило на судот продолжување на притворот на Срѓан Јанковиќ и на Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на 2-годишното девојче Данка Илиќ, за уште 30 дена.

Осомничените се во притвор од 6 април поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и за уништување или за отстранување на трагите на делото, како и вознемирување на јавноста.






Во притвор е и таткото на Дејан, под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

Полицијата по 10-дневна потрага и детална проверка на сите траги и информации, ги уапси Срѓан и Дејан за кои се сомнева дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на колата и го фрлиле на депонија.

Телото на девојчето, кое исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор, сѐ уште не е пронајдено.

Поврзани содржини