ОСОМНИЧЕНИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ Е ВО ЗАТВОРОТ ВО КУМАНОВО Тим лекари ќе му извршат психијатриска процена

Лицето Т.Б. се наоѓа во КПУ Затвор Куманово, на издржување мерка притвор од 30 дена, определена од судија на претходна постапка. По приемот му е извршен лекарски преглед од страна на медицинско лице и е во добра здравствена состојба, соопштија од затворот.

0

Осомничениот за убиство од општина Старо Нагоричане, 25-годишниот Т. Б. е сместен во Казнено-поправната установа Куманово во К‘шање, соопштија денеска од затворот.

„Лицето Т.Б. се наоѓа во КПУ Затвор Куманово, на издржување мерка притвор од 30 дена, определена од судија на претходна постапка. По приемот му е извршен лекарски преглед од страна на медицинско лице и е во добра здравствена состојба“, соопштија од затворот.






Полицијата од Куманово претходно информираше дека на 12 февруари осомничениот влегол во домот на 78-годишна жена во селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, физички ја нападнал и ја задушил со перница.

Основното јавно обвинителство Куманово соопшти дека сите надлежни институции и органи преземаат дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на настанот кој ја потресе руралната општина Старо Нагоричане. Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следува негова психијатриска процена од тим експерти од Клиниката за психијатрија.

„Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали“, соопшти Јавното обвинителство.

Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството во Старо Нагоричане. Директорот на Судска медицина проф. д- р Александар Станков потврди дека станува збор за насилна смрт.

ЈОРСМ, претходно соопшти дека „заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во другите случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител“.

Полицијата информираше дека против него биле поднесени пријави за две тешки кражби од деловен објект и приватен имот и кражба од товарно моторно возило.

Тој не бил корисник на ниту едно право од Центарот за социјални работи Куманово.

И ВТОРАТА ЖЕНА ВО СЛУЧАЈОТ СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПОЧИНАЛА ОД НАСИЛНА СМРТ Обдукцијата го потврди сомнежот на истражителите

Поврзани содржини