ОСОМНИЧЕН Е СКОПЈАНЕЦОТ Љ. П. СО ПРЕКАР П. Извор на Телма посочува на познат лик

8,291

Во околината на Скопје вечерва беше пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а кај Велес телото на 74-годишниот исчезнат велешанец Панче Жежовски.

Осомничен за двете убиства, според извори на Телма блиски до истрагата е скопјанецот Љ. П. со прекар П.






Во извршување на грозоморното дело му помогнале возачот и уште три други лица.

Убиствата се со ист мотив, користољубие.

Канал 5 посочува дека осомничениот Љ. П. со прекар П, градежен претприемач од Скопје, неодамна беше во притвор во Хрватска.

Порталот Скопје 1 изнесува детали за политичката активност на осомничениот Љ. П. со прекар П.

Порталот Вечер го именува осомничениот Љ. П. со прекар П. и повикувајќи се на извори од истрагата тврди дека тој е нарачател на убиството. Вечер посочува и конкретни имиња на две други лица В. К. од Скопје и В. М. од Велес при што тврди дека лицето В. М. го признал делото и деталите од извршувањето, како и дека осомничениот Љ. П. наводно избегал во Турција.

 

Поврзани содржини