Осогово стана заштитен предел, на ред се Водно, Студенчишко Блато и Охридското Eзеро

338

Владата донесе неколку одлуки кои се од големо важност за актуелните процеси за заштита на природата во нашата држава, информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

– Пред се, донесена е одлука за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодивер-зитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вред-ности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата. Вкупната површина на Заштитен предел – Осоговски Планини изнесува 48807.16 хектари, a ќе управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ со потполна одговорност – Скопје – наведува Нуредини.






Тој воедно во име на Министерството за животна средина и просторно планирање изразува благодарност до програмата за зачувувуње на природата во Северна Македонија (ПЗП), Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), Фармахем Скопје, Македонско еколошко друштво, Национални Шуми и сите други инволвирани страни што го поддржаа овој процес.

– Владата донесе и одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот Студенчишко блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природа и Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел, со што МЖСПП ќе може да ги започне постапките за прогла-сување согласно законските процедури, се додава во писмената изјва.

Министерот Нуредини информира и дека Владата го разгледала и прифатила апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридското Езеро за Рамсар место во Светската Рамсар Листа.

– Со тоа, Министерство за надворешни работи во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање ќе може да ја почне постапката и да го достави апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридско Eзеро за Рамсар место во Светската Рамсар Листа до Секретаријатот на Рамсараска конвенција до крајот на оваа година. Со оваа одлука на Влада, нашата држава го добива третото Рамсар подрачје – додава министерот Нуредини.

Поврзани содржини