Основните училишта во Аеродром добија нова спортска опрема и облека

За учениците е набавена и спортска облека, дресови и шорцеви, во осум различни бои, колку што има основни училишта во општината.

347

Општина Аеродром набави нова спортска опрема за осумте основни училишта на нејзина територија.

Опремата се состои од топки за фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, мрежи и голови за ракомет, греди, отскочни штици, душеци, јарци за гимнастички вежби, маси за пинг-понг и други реквизити наменети за развој на спортот во училиштата.






За учениците е набавена и спортска облека, дресови и шорцеви, во осум различни бои, колку што има основни училишта во општината.

– Аеродром важи за најспортска општина и во таа насока новата опрема ќе придонесе за поуспешен развој на училишниот спорт – се вели во денешното соопштение од општината.

Поврзани содржини