ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА СЕ ИСКАЧИ НА 5,5 ОТСТО Народна банка ги зголеми и каматите на депозитите на банките
Со овие промени, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, со активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а од април па наваму и преку зголемување на каматните стапки.
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка одлучи да ја зголеми основната каматна стапка за нови 0,25% и сега таа изнесува 5,50%. За ист процент се зголемени и каматните стапки на расположливите депозити со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,40% односно 3,45%.
Со овие промени, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, со активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а од април па наваму и преку зголемување на каматните стапки.
Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем.