Основци од Сарај протестираат против онлајн настава, грдаоначалникот нема да оди контра МОН

309

Основци од училиштето „Дитуриа“ во Сарај денеска пред училишната зграда протестираа со барање наставата да ја следат со физичко присуство, наместо онлајн. Градоначалникот на Сарај Блерим Беџети за Плусинфо потврди дека родители и ученици бараат да одат во училиште, наместо часовите да ги следат пред компјутер, но тој вели дека засега ќе ја почитуваат одлуката на мИнистерството за образование и Комисијата за заразни болести.

– Родителите и учениците бараа да одат во чилиште. За тоа има одлука и од Советот на Општина Сарај. Нема да одиме наспроти одлуката на Министерството за образование и Комисијата за заразни болести и ќе ги почитуваме препораките – ни изјави Беџети.






Тој додаде дека е во постојана комуникација со родителите и со директорите на училиштата.

Протест на средношколците во Струга – бојкот на наставата во Дебар, револт и незадоволство кај вевчанските основци, вака започна новата учебна година во струшкиот регион.

Гимназијалците од двете средни училишта „Нико Нестор” и „Ибрахим Темо” бараат настава со физичко присуство.

– Ако можат без проблем да работат кафичите и кафеаните, отворете ни ги училиштата – порачаа тие.

И гимназијалците од  СОУ „28 ноември” од Дебар бараат настава со физичко присуство. Денеска го бојкотираа првиот онлајн час, а од утре најавуваат протести заедно со родителите пред гимназијата.

Револт има и кај вевчанските основци. Иако училиштето во Вевчани беше меѓу првите кое испрати барање за настава со физичко присуство за сите одделенија бидејќи во целост ги исполнува условите, сепак доби негативен одговор.

Директорот на училиштето и од Советот на родителите информираат дека револтот е голем кај сите, но најмногу кај децата кои сакаат да одат на училиште оти дома ги немаат потребните услови да ја следат наставата. Несфатливо е велат зошто училиште кое ги има обезбедено сите услови за безбедна настава треба да биде лишено од истата.

Поврзани содржини