ОСНОВАЧОТ НА ВАГНЕР ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УКРАИНА Ако победам тогаш нема да има потреба од гранати
Евгениј Пригожин го објави ова во видео порака на телеграмскиот канал на Wagner Group, пренесува РИА Новости.
Основачот на групацијата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека следната година ќе се кандидира за претседател на Украина.
Тој го објави ова во видео порака на телеграмскиот канал на Wagner Group, пренесува РИА Новости.
-Донесов одлука да се кандидирам за претседател на Украина во 2024 година. На ова место ќе се натпреварувам со ( Петро) Порошенко и (Володимир) Зеленски. Ако победам на изборите, тогаш се ќе биде во ред. Гранати нема да бидат потребни – рече Пригожин.