Османи: Време е со меки мерки да се замени полицискиот час и затворените бизниси

Вицепремиерот задолжен за европски прашања истакна дека задолжително ќе мора да се носат маски и да се почитува физичкото дистанцирање.

1,000

Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затворањето на бизнисите, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој денеска како главен координатор на општинските кризни штабови беше во посета на Центарот за јавно здравје во Скопје.

На средбата со директорот на центарот, Арбен Зибери, тој истакнал дека задолжително ќе мора да се носат маски и да се почитува физичкото дистанцирање.






Османи и Зибери разговарале за состојбата во борбата против ковид-19, констатирајќи дека Центарот за јавно здравје во Скопје е еден од клучните столбови во борбата против пандемијата.

 

Поврзани содржини