Османи: Вонредната состојба да се искористи и за комуникација меѓу партиите за изборите

280

Овие две недели треба да се искористат за максимален фокус на здравственото прашање, како и за комуникација меѓу политичките партии, за да се постигне консензус за датумот за предвремените парламентарни избори, смета вицепремерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој при денешната посета на Штип изјави дека токму дополнителните две недели вонредна состојба им даваат простор на партиите да функционираат помалку под притисок за роковите.






– Има време во текот на вонредната состојба да ја продолжиме комуникацијата за да постигнеме консензус – вели Османи.

Прашан за протоколите за избори и како ќе се гласа на денот на изборите, Османи со став дека тие се носат од Комисијата за заразни болести на барање на претседателот на државата.

– Тие имаат подготвено еден документ којшто му го имаат доставено. Меѓутоа ќе видиме како ќе се одвиваат трендовите во овој период и така ќе се адаптираме. Здравјето е пред се- порача Османи.

Поврзани содржини