Османи во работна посета на Австрија

Во рамките на посетата, министерот Османи ќе има средба со својот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Република Австрија  Александер Шаленберг и со министерката за Европска унија и Устав на Република Австрија,  Каролине Едштадлер.

327

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи по интензивната агенда со посетата на земјите–членки на ЕУ од поширокото соседството на Западниот Балкан, Чешката Република, Романија и Унгарија, мини – турнејата на поширокиот регион ќе ја заврши  со работна посета на Република Австрија, утре, на 21 декември 2020 година.

Во рамките на посетата, министерот Османи ќе има средба со својот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Република Австрија  Александер Шаленберг и со министерката за Европска унија и Устав на Република Австрија,  Каролине Едштадлер.






Во фокусот на средбите се очекува на се најде европската интеграција на Северна Македонија, а ќе бидат разменети и мислења за севкупните билатерални политички и економско – трговски односи. Во разговорите ќе биде посочено и Претседавањето на нашата земја со ОБСЕ во текот на 2023 година.

Министрите ќе се осврнат и на внатрешно – политичката состојба во Северна Македонија, односите со соседите, регионалната соработка, како и за други актуелни регионални и меѓународни прашања. Во тој контекст, ќе бидат согледани напорите, соработката и координацијата меѓу двете земји во справувањето со предизвиците од Пандемијата.

Поврзани содржини