ОСМАНИ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА Ќе се разговара за притисоците кои тие ги имаат да се пишат Бугари на пописот
Јас веќе имав комуникација со нив и се договоривме, ќе ги посетам и Пустец, Џепиште и Требиште, каде исто така живее македонско национално малцинство во Албанија. Ќе ги посетам и општините и училиштето и ќе имам комуникација со граѓаните и нивното здружение во текот на целиот утрешен ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што можеме ние да помогнеме во комуникација со Република Албанија, изјави Османи.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Албанија, каде ќе се сретне со повеќе преставници на македонското национално малцинство и со преставници на локалните самоуправи.