ОСМАНИ ВО ОДБРАНА НА АРИФИ Таа е жртва на лажни вести, за ниту едно од трите места не е испратен агреман

Сметам дека треба малку повеќе да бидеме внимателни со информациите, па сметам дека треба да се внимава кога станува збор за лажните вести. Особено за достоинството на луѓето за кои зборуваме непроверено.

226

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање рече дека никогаш немало испратено агреман Теута Арифи да биде амбасадорка во Вашингтон. За неа немало формализиран предлог за амбасадорка во Брисел и никогаш, ама баш никогаш не бил пратен агреман за Арифи да биде амбасадорка во Анкара.

– ос Никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадорка во Анкара. Немало ни размислување. Вчера не само портали, туку големи медиуми објавија вест за Арифи без да побараат став од МНР. Никогаш немало предлог за Арифи за Вашингтон, за таа да биде одбиена. За ЕУ немало формализиран предлог за Арифи, имало размислувања, но формален предлог за Брисел за Арифи немало. Ни за Анкара немало агреман за неа. Да внимаваме при споменување на имиња. Не било пратено барање за агреман за која било држава за Теута Арифи – рече Османи.

Поврзани содржини