ОСМАНИ ВО БОН СЛИКА ГРАЃАНИ ЗА ПАСОШ Во конзулатот донел станица за фотографирање

1,034

Од Минхен дојдов во Бон, како прв министер за надворешни работи што некогаш ја посетил најпрометната конзуларна единица на нашата држава, напиша министерот за надворешни работи Бугар Османи, објавувајќи десетици фотографии како им помага на преставниците од конзулатот да ги услужат стотици граѓани кои се заглавени и не можат да се вратат во земјата затоа што важнноста на пасошите им истече на 12 февруари.

„Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето“, истакна Османи.






Одборот на Централниот совет на Македонците во Германија денеска на вонреден состанок едногласно одлучил да побара итно враќање на човековите права за македонските граѓани и да покрене правна постапка токму поради неважечките пасоши и проблемите со кои се соочуваат поради тоа.

 

Поврзани содржини