📽 ОСМАНИ УПОРЕН СО ТАБЛАТА И СО КРЕДАТА Софија го демантираше, што сака уште?!
Министерот Бујар Османи повикува „доколку постојат спротивставени ставови, тие да бидат презентирани со аргументи и со искрен пристап преку кој ќе се покаже дека навистина се грижиме за иднината на државата“, но до него очигледно не стигнал одговорот од Министерството за надворешни работи на Бугарија даден за Плусинфо за тоа дека „Софија очекува совесно исполнување на сите преземени обврски, а не обиди да се толкува дали процесот на европска интеграција бара нивно исполнување“.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска објави ново видео преку кое се обрати до граѓаните заблагодарувајќи им се за коментарите и за дискусијата кои произлегле од видеото кој тој сними пред 20 дена.
Во тоа видео, на училишна табла и со креда во раката министерот сликовито ни ја црташе суштината на преговарачката рамка со Европската Унија.
– Договорите со соседите, особено Договорот со Бугарија и прегледите од член 12 од Договорот не се дел преговарачката рамка – рече тогаш Османи.
Во денешното видео, министерот вели дека и по 20 дена сѐ уште нема аргументи против ова тврдење и уште еднаш потврдува дека овие сегменти не се дел од преговарачката рамка и за нив нема гласање од страна на земјите-членки на Европската Унија.
Според Османи, неговиот обид искрено да ја претстави преговарачката рамка, преку визуелно испишување на нејзините составни делови, бил со цел да поттикне дебата која ќе биде фокусирана на вистината и преку која објективно ќе се презентираат фактите.
– Сепак, забележливо е дека иако имаше бројни коментари, ниту еден не даде опиплив аргумент за да ги побие фактите што ги презентирав. Основната порака останува непроменета: договорите со соседите и прегледите не се дел од посебните сегменти на преговарачката рамка, каде што има писмено известување и гласање од страна на земјите членки – вели Османи во видеото.
Министерот уште еднаш повика доколку постојат спротивставени ставови, тие да бидат презентирани со аргументи и со искрен пристап преку кој ќе се покаже дека навистина се грижиме за иднината на државата.
@bujar.m.osmani
♬ original sound – Bujar Osmani
– Искрениот дискурс ја зајакнува нашата демократија. Го почитувам секој од вас, без разлика дали сте се согласиле со методот или не. Нашата крајна цел е посветла европска иднина за Северна Македонија и верувам дека заедно со отворен дијалог и со факти можеме тоа да го постигнеме – вели Османи.
Од друга страна, пак, само еден ден по објавувањето на првото видео на министерот Османи, Плусинфо испрати прашање до Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, а оттаму добивме одговор дека МНР на Бугарија ја реафирмира позицијата соопштена на 16 јули, во која, меѓу другото, се предупредува дека Софија очекува „совесно исполнување на сите преземени обврски, а не обиди да се толкува дали процесот на европска интеграција бара нивно исполнување“.
„Во врска со вашето барање, сакаме да ве информираме дека официјалниот став на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија е објавен на 16 јули 2023 година на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи“, ни одговорија оттаму.
Под наслов „Позиција на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија“, на веб-страницата на оваа институција е објавен текст со следната содржина:
Целиот текст прочитајте го на линкот подолу: