ОСМАНИ ТВРДИ ДЕКА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ВО МАРТ ИЛИ ВО АПРИЛ „И премиерот гледа дека ситуацијата е неодржлива“

Се разбира дека на премиерот веројатно му требаа дополнителни аргументи, коишто сега ги гледа на терен, во односот на силите и тоа што се случува и затоа веќе почна и тој да го спрема теренот. Јас ви тврдам дека предвремени парламентарни избори ќе има во март–април и ќе има нова влада, која ќе го откочи европскиот процес, ќе го врати соживотот и економскиот просперитет на земјата, рече кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи.

1,124

Според моите сознанија и проценки, предвремените парламентарни избори ќе се одржат во март или во април следната година, рече денеска кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи. Тој одговараше на новинарско прашање за коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека по локалните избори ќе размислат за можноста за предвремени парламентарни избори.

– Тоа е всушност тоа што го кажувам јас и ние од почетокот, дека – да, ќе има предвремени парламентарни избори некаде во март или во април. И ова го кажувам најаргументирано, врз основа на сите разговори и договори што ги има на политичката сцена – рече  Османи.






Тој додаде дека изјавата на премиерот само го потврдува она на што ДУИ и другите опозициски политички сили укажуваат со месеци, дека сегашната влада е нестабилна и неодржлива.

– Се разбира дека на премиерот веројатно му требаа дополнителни аргументи, коишто сега ги гледа на терен, во односот на силите и тоа што се случува. Ситуацијата е неодржлива во која се наоѓаме и затоа веќе почна и тој да го спрема теренот. Но, независно од неговата изјава, јас ви тврдам дека предвремени парламентарни избори ќе има во март–април и ќе има нова влада која ќе го откочи европскиот процес, ќе го врати соживотот и економскиот просперитет на земјата – рече Османи.

 

ПОСЛЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ СЕ РАЗМИСЛУВА ДАЛИ ДА СЕ ОДИ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ Мицкоски вели дека ќе се водат од интересите на државата

Поврзани содржини