Треба да имаме консензус за изборите, порача вицепремиерот Бујар Османи и смета дека нема големи разлики меѓу партиите за датумот на изборите.
– Разликите помеѓу партиите, вклучувајќи ги и најекстремните позиции во однос на датумот не се разликуваат повеќе од 10 до 15 дена. Сметам дека не се ненадминливи тие разлики и доколку овие денови продолжи интензивната комуникација меѓу партиите, а тоа се случува, мислам дека можеме да се сретнеме некаде околу 5 јули. Не вреди за 10, 15 дена да ја внесеме државата во политичка криза. Сметам дека сите ќе бидеме на ниво на одговорноста и ќе се сретнеме за тој датум – рече Османи.
Тој потврди дека лидерот на партијата Али Ахмети е еден вид медијатор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за да се договори датумот на изборите.
– Претседателот Ахмети се обидуваат да бидат гласот на разумот со цел да укаже дека најмалку ни треба сега да влеземе во политичка криза. Ахмети комуницира со политичките партии – рече Османи.