ОСМАНИ ПРИСТИГНА ВО КИЕВ Градот Бородјанка прв на списокот за посета на претседавачот со ОБСЕ
Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето - состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство претседавач на ОБСЕ утрово пристигна на Главната железничка станица во Киев, информира Министерството на надворешни работи
– Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија. Воедно, во рамките на посетата, предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина – велат од МНР.
Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето – состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!