Покрај премиерот Оливер Спасовски, на прес-конференцијата се обрати и заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Бујар Османи кој рече дека сите изминавме навистина долг, напорен и тежок пат за денеска да дојдеме до овој момент.
– Без никаква заддршка и лажна скромност треба да признаеме дека успеавме. Кога пред три години го започнавме овој пат, иако со навистина изразен ентузијазам, не бевме целосно убедени дека овој момент ќе дојде. По безмалку 20 години на процеси на стабилизација и асоцијација, 15 години во чекалната како земја-кандидат, денеска влегуваме во последната фаза во остварувањето на сонот од самата независност – рече Османи.
Тој реча дека не треба да имаме никакви дилеми, поради тоа што земјата и граѓаните успеаа, поради тоа што заслужија да ја одбија денешната одлука на земјите-членки да и дадат „зелено“ светло на нашата земја за почеток на преговорите не претставува никаков подарок, а ниту чиста политичка одлука.
– Оваа одлука е признание за суштинскиот напредок на земјата, признание на Владата и останатите институции за спроведување на реформите, признание за подобрување на добрососедските односи, како и за внатрешната кохезија и меѓуетничките односи – вели Османи.
Заменик-претседателот рече дека тоа што ја очекува земјата во преговорите треба да биде мотив и да ни помогне во овие моменти со коронавирусот кога се чувствуваме загрозени.