Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи информира дека од меѓународни донации веќе се обезбедени 50 респираторни машини за Македонија. Османи на прес-конференција информира за мерките кои владата ги презема за обезбедување на странска помош за справување со Ковид-19.
– До сега обезбедени се 25 респиратори преку средствата на норвешката амбасада. Тие се во депо во Турција и се разгледуваат можностите за трнспорт на респираторите до Македонија за Инфективната клиника. Обезбедени се и 30 респираторни машини од Кина, а се купуваат од средства од ЕУ. И за нив разговараме за детали како да се транспортираат во Скопје. Кина одговори позитивно за респираторите, но оти 100 земји бараат респиратори, тие ги немаат на лагер, но како се произведуваат тие ќе бидат достапни за нашите институции – рече вицепремиерот Бујар Османи.