Османи: Си имавме кандидат за премиер, Еленовски воопшто не е во игра

Османи рече дека првично разговарале со СДСМ, со кои беа во коалиција последните три години и нагласи дека ДУИ не ја исклучува ниту опцијата на разговори со сите политички партии за формирање на мнозинство.

2,084

Апсолутно не е точна информацијата дека Лазар Еленовски ќе биде премиер, ние си имавме кандидат за премиер на изборите и таквите шпекулации се со намера да им наштетат на ДУИ и на преговарачкиот процес за формирање на мнозинство, рече потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи гостуваше во вестите на Сител.

– Преговараме со сите партии за што побрзо формирање на Влада и институции. Бараме јавноста да почека и ќе ги добие информациите од партиите кои се учеснички во формирањето на мнозинството, а тие информации ќе бидат навремени и официјални. ДУИ прави сериозни напори овие денови што е можно побрзо да се формираат институциите и сум оптимист сум дека брзо ќе дојдеме до решение – изјави тој.






Османи рече дека првично разговарале со СДСМ, со кои беа во коалиција последните три години и нагласи дека ДУИ не ја исклучува ниту опцијата на разговори со сите политички партии.

Поврзани содржини