Османи негативен на ковид-19
Врз основа на одлуката ми требаат уште 7 дена за да останам во изолација, а потоа и вториот тест.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на Фејсбук соопшти дека е негативен на првиот тест за коронавирусот.
– По една недела изолација, првиот тест за ковид 19-негативен. Врз основа на одлуката ми требаат уште 7 дена за да останам во изолација, а потоа и вториот тест, напиша Османи.
Тој воедно потсети дека од денес полицискиот час почнува во 19 часот. Тој посака среќен месец на постот.