ОСМАНИ НЕ УНАЗАДИЛ НИЕДЕН ДИПЛОМАТ Министерството му возврати на Синдикатот дека на дипломатите им било вратено звањето

86

Министерството за надворешни работи (МНР) ги демантира, како што вели, невистините кои ги пласира Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) за кои смета дека имаат политичка позадина. Синдикатот вчера се пожали дека МНР во последните неколку години брутално деградирало триесетина дипломати, вклучително и такви со највисок амбасадорски ранг кои биле ставени на најниски можни позиции.

„Прво, предметните наоди за преструктуирање на неколку дипломати се донесени во јули 2019 година, повеќе од една година пред актуелниот министер Османи да дојде на чело на дипломатијата во септември 2020 година. Во текот на жалбената постапка, Комисијата која не е во Министерството за надворешни работи, туку во Агенцијата за администрација, (жалбите) им се одбиваат, по што некои од нив поднесуваат тужби на суд. Онаму каде судот го уважи тужбеното барање, Министерството навремено ги спроведе сите судските одлуки и на дипломатите им беше вратено административното звање. Не само што тие се интегрирани во дипломатската работа, туку и поголемиот дел од нив потоа беа упатени и на мандати во дипломатско-конзуларните претставништва.






Во насока на демантирање на целосно неоснованите клеветења, сакаме прецизно да истакнеме дека од именувањето на министерот Османи па до денес нема ниту еден случај на уназадување или распоредување на дипломат во пониско административно звање, и соодветно, Министерството не е соочено со ниту еден нов случај или нова тужба од ваков тип“, се наведува во реакцијата на МНР.

Оттаму додаваат дека обвинувањата кон судот, дека не постапува по закон, дека работи под директно влијание, или, пак дека самиот министер и Министерството вршат влијанија врз судот поради тужби на вработени, претставува директна клевета за која секој од повиканите институции и/или поединци можат да поднесат тужба за клевета.

МНР ДЕГРАДИРАЛО ТРИЕСЕТИНА ВРВНИ ДИПЛОМАТИ? Некои од нив тужеле, амбасадорот Дабиќ заглавил на суд

Поврзани содржини