Османи: Не сме кажале дека Фрчкоски е кандидат за амбасадор во САД
Шефот на дипломатијата тврди дека името на професорот Фрчковски дека е кандидат и информациите дека се повлекува биле од медиумите.
Во ниту еден момент ние не сме кажале дека Љубомир Фрчкоски е кандидат или е отфрлен или прифатен, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, по објавувањето на информациите дека САД не дава согласност за номинација на Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон.
Тој во изјава за ТВ 21, вели дека името на професорот Фрчковски дека е кандидат и информациите дека се повлекува биле од медиумите.
– Процедурите на кандидатури на амбасадор односно амбасадори се до потврдување на агреманот и се во дискреција и се класифицирани податоци – изјави Османи.