ОСМАНИ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ Според „Вреди“ кандидатот на ДУИ не ги застапува албанските интереси
Од оваа коалиција го обвинуваат Османи дека министерската функција ја завршува без ниту една посета на Косово и без осуда на терористичкиот напад во Бањска. Албанската опозиција се сомнева и дека Османи бил замешан во корупција.
Од коалицијата „Вреди“ велат дека кандидатот за претсдател на ДУИ, Бујар Османи, кој утре официјално ќе биде претставен тој не може да биде кандидат на Албанците.
Од оваа коалиција го обвинуваат Османи дека министерската функција ја завршува без ниту една посета на Косово и без осуда на терористичкиот напад во Бањска. Албанската опозиција се сомнева и дека Османи бил замешан во корупција.
– Како да не беше доволен рамнодушниот пристап кон Косово и албанските интереси во регионот, тој како министер познат по коруптивни афери од порано навлезе во корупција дури и кога беше министер за надворешни работи. Токму настанот за организација на самитот на ОБСЕ во Скопје ја обелодени неговата коруптивна тенденција, за што и самиот призна и се извини, а не помалку сомнителни беа и тендерите направени со компанијата „Евровиа“, како и оние за автомобилите кои беа користени за самитот на ОБСЕ. Но, овие и други податоци што ќе ги објавиме наредните денови се доволен доказ за да се разбере дека секој од ДУИ би можел да биде прифатлив како Албанец, но Бујар Османи не може да биде кандидат на Албанците во Северна Македонија – рече Амир Елези.