Османи: Нам ни падна среќа да ги почнеме преговорите со ЕУ ВИДЕО

893

Во наредните два дена се очекува на земјава да и биде доставен првиот нацрт на преговарачката рамка, што ќе биде доставен на земјите-членки за нејзино разгледување во рамки на телата на Советот на ЕУ. До крајот на месецот, во рамки на хрватското претседателство, се очекува верзија која ке ги вклучи и првичните ставови на членките на ЕУ, по што процесот продолжува во рамки на германското претседателство.

Ова го изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој повика за изградба на општествено политички консензус за приоритет на европските интеграции како наднационален, надпартиски, стратешки интерес на државата и сите граѓани.






Османи рече дека веќе иницирал состанок на лидерите на партиите со претседателот на државата, со цел земјата да се подготви за почеток на преговорите со ЕУ и изградба на заедничка политичка позиција.

– На нашата генерација ѝ падна среќа да ги почнеме преговорите со ЕУ, а со тоа ја имаме и одоворноста да ги ставиме европските интеграции на прво место и тоа да го направиме на најдобар можен начин – рече вицепремиерот Бујар Османи.

Османи додаде дека нацртот на преговарачката рамка ќе биде проследен и со мини извештај за состојбите и напредокот на земјава и ќе биде предаден на телото составено од амбасадорите на земјите-членки во Брисел наречен КОРЕПЕР, а потоа оваа нацрт преговарачка рамка ќе биде предадена на КОЕЛА – Комитет за проширување на Советот на ЕУ,  работно тело составено од претставниците на сите членки.

Со тоа, како што појасни вицепремиерот, почнува и фактичкото усогласување на самата рамка следејќи ги позициите на земјите-членки.

Исходот од преговорите, како што посочи, сите најдиректно ќе не засега и затоа, покрај ЕУ, за почеток на преговорите треба да се подготивиме и ние.

– Европските интеграции ги издигнуваме како највисок стратешки приоритет на државата, со целосна вклученост на политичките репрезенти без разлика дали доаѓаат од власт или од опоицијата. Тука зборувам за што поскоро враќање на целосната функционалност на собраниските тела, на Националниот совет за европски интергации, воден од опозицијата, Комисијата за европски прашања – рече вицепремиерот.

Поврзани содржини