Шефот на дипломатијата Бујар Османи, како кандидат за претседател на ДУИ, на партиските митинзи ќе оди со приватно возило.
– Затоа што е набиен распоред и може во брзање да дојде до грешка, ќе внимавам максимално во кампањата за да не користи државни ресурси – изјави Османи во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Тој на партиска прес-конференција отиде со службено возило, исто како и вицепремиерот Бојан Маричиќ кој деновиве во канцеларии на ДИК отиде да се потпише за кандидатура за претседател Стево Пендаровски.
И покрај реакциите од Антикорупциската комисија, Маричиќ вчера истакна дека има право 24 часа да користи службено возило и обезбедување.