Османи: Лансираме нова регионална иницијатива за соработка на државите од Западен Балкан

Нема друга алтернатива освен регионот еден ден да биде интегриран во единствениот пазар на ЕУ. Но за да стигнеме до портите на ЕУ мора да ги отворите патиштата. Прашањето е дали портите на ЕУ ни се отворени. Јас мислам сè уште не,

330

Регионалната соработка е важен катализатор за помирување на регионот, добри соседски односи и мислам дека регионот навистина многу напредна во оваа смисла. Некој пресметал дека има 71 регионални иницијативи, и може да се каже дека имаме инфлација од регионални иницијативи и  дека резултатуите не се во соглансот со големината на направените инвестиции. Меѓутоа не би ги потенцувал резултатите од оваа зголемена комуникација и тоа му треба на регионот.

Ова го истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на еднодневниот „Скопје економски форум“ и најави дека Македонија следната недела ќе биде домаќин на нова иницијатива за поврзување на земјите од Западен Балкан. Само овој месец, вели, имавме самит на лидерите од ЗБ од Бриони процесот, самит во Тирана, следната недела е Преспанскиот самит кој ќе се случува во Охрид.






– Некој искоментира дека 50 проценти од проблемитите во ЕУ се решаваат со самите средби на лидерите и мислам дека тоа е важен предуслов за регионланасоработка во еден регион кој пред 30 години беше засегнат од воени дејствија. Сакам да најавам дека лансираме и нова иницијатива Б 6 од министрите за надворешни работи од државите од Западен Балкан со цел редовно, често и неформално да се среќаваме со цел да можеме да воспоставиме подобри лични и меѓудржавни комуникации, а првпат состанок ќе се одржи тука во Македонија следната недела – рече Османи

Во однос на реакцијата помеѓу ЗБ и ЕУ, Османи вели дека ситуацијата е јасна, целиот регион е остров опкружен е со држави членки на ЕУ, со 80 милиони луѓе, а две третини од економијата се поврзани со економијата на ЕУ.

– Значи нема друга алтернатива освен регионот еден ден да биде интегриран во единствениот пазар на ЕУ. Но за да стигнеме до портите на ЕУ мора да ги отворите патиштата. Прашањето е дали портите на ЕУ ни се отворени. Јас мислам сè уште не, бидејќи нашиот пазар е фрагментиран со многу административни пречки кои го намалуваат потенцијалот на регионот. Затоа е исклучително важно да го ослободиме тој потенцијал да ја дефрагментираме нашата економија и да го исполниме договорот од Софија во рамки на Берлинскиот процес – рече Османи.

Тој укажа и на инфраструктурата која е проблем. – Планините многу влијаеле на регионалната соработка и мислам дека тие сè уште ни пречат. Имаме планина помеѓу Македонија и Бугарија поради која за 200 км од Скопје до Софија мора да возите повеќе од четири часа. Затоа е важно, нагласи тој, инфраструктурата да се подобри, да продолжиме да инвестираме во неа и да го оствариме целосниот потенцијал за инвестиции трговија за да им се придружиме на државите на ЕУ

Кога се зборува за стабилноста и интеграцијата во регионот, истакна Османи, САД е исклучително важен партнер не само за Македодина туку и за регионот.

– Како стратешки партнери од 2008 година наша намера е да го обновиме ова партнерство и да го прошириме како нови сојузници во НАТО Алијансата – посочи Османи.

 

Поврзани содржини