Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес во Берлин имал директна средба со неговиот германски колега, Хајко Мас.
Според, министерот, разговорот имал јасна цел, а тоа е создавање услови и поддршка за имплементација на одлуката за почеток на преговори од страна на ЕУ, усвојување на преговарачката рамка и оддржување на првата Меѓувладина конференција.
„Иницирав создавање на стратешко партнерство меѓу С. Македонија и Германија, што би било особено важно за забрзување и продлабочување не само на европските интегративни процеси, туку и на економската соработка меѓу двете земји“ – објави Османи на Фејсбук.
Дискутирајќи за можностите за имплементација на одлуката за почеток на преговорите, Османи нагласил:
„Јунските самити на ЕУ нудат неповторлива шанса да го направиме вистинскиот чекор: операционализација на одлуката за почеток на преговорите, преку усвојување на преговарачката рамки и одржување на Првата Меѓувладина конференција како формален почеток на преговорите. Ваквиот чекор ќе упати неопходно охрабрување до целиот регион и ќе го зацврсти кредибилитетот на евро-интеграцискиот процес“, напиша Османи.