Османи и Филипче остануваат 14 дена во самоизолација

766

Министрите Османи и Филипче на денешната прес-конфереција рекоа дека ќе бидат во самоизолација 14 дена, по средбата на кризниот штаб во Куманово.

– Првично ставот на комисијата беше дека беа превземени сите заштитни мерки, па до вторник да се процени дали треба да се прави тест. Но по едидемиолошката анкета која беше наредниот ден се констатираше дека во текот на самата прес-конференција ја имам извадено маската, комисијата одлучи дека треба да одам на 14 дневна изолација, а за што добив и решение – рече Османи.






– Јас останувам 14 во изолација, иако по епидемиолошката анкета ризикот беше проценет како мал, но и на таков ризик треба да му се пристапи сериозно, за здравјето на најблиски, за големиот број вработени во министерството, владата, и секако како пример кој што сакам да го дадам на граѓаните – изјави министерот Филипче.

Поврзани содржини