ОСМАНИ ГО ОСУДИ РУСКИОТ ПОТЕГ Ваквите акти претставуваат сериозно кршење на меѓународното право
Министерот за надрворешни работи информира дека земјава уште еднаш ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина
Силно го осудуваме признавањето од страна на Русија на украинските области Доњецк и Луганск како независни, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи.
„Ваквите акти претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Северна Македонија уште еднаш ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, наведува Османи, по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на т.н. Доњецка народна република и Луганска народна република во Украина.