ОСМАНИ ГО ОСУДИ ИСВИРКУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Свиркаа група тинeјџери, останатите беа против тоа

Во двата поголеми блока сѐ уште има предрасуди. Мора да работиме, а посебно со најмладите генерации - рече Османи.

321

Свирежите на македонскиот јазик за време на Мировниот фестивал се за осуда, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашното гостување во емисијата „Жешко политичко лето“.

– Тоа сигурно е за осуда. Јас бев присутен на настанот и тоа го направи една група тинејџери. Според мене лично, реакцијата на поголемиот дел од присутните беше против реакцијата на тинејџерите објасни министерот.






Османи потенцираше дека меѓуетничките односи бараат постојано негување.

– Колку такви меѓуетнички концерти имало досега за полека да ги навикнеме граѓаните? Нам ни треба поголема инвестиција во меѓуетничките односи. Во двата поголеми блока сѐ уште има предрасуди. Мора да работиме, а посебно со најмладите генерации – рече Османи.

Во однос на тоа дека извештајот за транспарентност на Владата вели дека Министерството за надворешни работи и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците биле едни од најтранспарентните, Османи истакна дека тоа се однесува на делот во однос на објавата на огласи, а не во комуникацијата со јавноста.
Тој

– Слободно нека направи некој анализа по однос на тоа колку пати јас сум одржал брифинг, прес-конференција, комуникација, интервјуа на тема односи со Република Бугарија. Значи, нема прашање кое што не е разговарано десетици, десетици пати во текот на овој период. Меѓутоа, ние знаевме од почеток кои и да бидат решенијата од овој процес дека опозицијата е спремна да го искористи тоа во дневно-политичката борба и тие имаа сценарија. Сценарија од типот доколку не успее државата да ги почне преговорите, да почне кампања со протести за неспособна Влада која што еве не блокира за европскиот процес. Доколку успееме – ова е предавничка влада која што еве ги продаде интересите. Значи, воопшто ве уверувам дека ги немаат прочитано решенијата, го немаат прочитано „францускиот предлог“, ниту Протоколот, ниту овие решенија на Историската комисија. Се е партиска калкулација и тоа ме боли затоа што мислев дека има одредена граница до партиско-политички интерес и каде почнува еден државен интерес којшто треба да биде натпартиски. За жал, се уверив дека кај одредени политички партии таква граница воопшто нема, посочи Османи.

Поврзани содржини