Османи: Го менуваме пристапот во дијалогот со Бугарија

Чувството беше дека во првата фаза дијалогот помеѓу нас и Бугарија беше премногу емоционален, со премногу емоции во него, рече министерот Османи.

610

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција денеска истакна дека во дијалогот со Бугарија, емоциите ќе бидат заменети со рационален пристап.

– Чувството беше дека во првата фаза дијалогот помеѓу нас и Бугарија беше премногу емоционален, со премногу емоции во него. Сметавме дека треба да го смениме пристапот во однос на овој дијалог, да воспоставиме повеќе рационален пристап во овие разговори и продолжување на комуникацијата во темите за кои имаме повеќе разбирање – рече Османи, по денешното потпишување на договорот за соработка со Западна Рајна Вествалија.

Поврзани содржини