Османи: ДУИ е за побрзо организирање избори, ако има услови

Ако се исполнат условите, здравствени и логистички, и се постигне усогласеност меѓу политички партии, да, ние сме за одржување на избори што порано, изјави Османи.

429

ДУИ  ќе се обиде утре да биде најконструктивниот фактор на лидерската  средба за да постигнеме  политичка усогласеност, бидејќи верувам дека претерано одложување не е во интерес на никого, ниту на владејачките ниту на опозициските партии, а најмалку на државата, изјави на прес-конференција вицепремиерот за европски пршања, Бујар Османи.

– Ние сме за што побрзо организирање на изборите затоа што сметаме дека на државата и требаат институциите со полна можност за одлучување, со полн политички капацитет, а тука е и фактот дека немаме собрание. Така да, ако се исполнат условите, здравствени и логистички, и се постигне усогласеност меѓу политички партии, да, ние сме за одржување на избори што порано –  рече Османи.






Според него, треба да се избегне можноста за понатамошно политичко есклаирање, бидејќи граѓаните немаат потреба од уште една политичка поларизација и уште една политичка криза.

 

Поврзани содржини