ОСЛОБОДЕНА ЖЕНАТА ОСОМНИЧЕНА ЗА ГРАБЕЖ ВО ЛУВР Судот ѝ забрани да ја напушти Франција, накитот никаде го нема

Француската полиција ја ослободи жената која беше приведена поради сомнеж дека учествувала во сензационалниот грабеж на накит од познатиот музеј Лувр во Париз, но истрагата продолжува бидејќи луксузниот плен сè уште не е пронајден.

320

Француската полиција ја ослободи жената осомничена за учество во грабежот на Лувр, при што беше украден накит во вредност од неверојатни 88 милиони евра од „Галеријата на Аполон“.

Според Канцеларијата на парискиот обвинител, таа ќе биде под судски надзор и нема да смее да ја напушти Франција или да стапува во контакт со останатите осомничени.






Жената е една од четворицата кои беа уапсени во рамките на истрагата, тројца мажи и една жена, која, според полициските информации, е пријателка на еден од осомничените.

Грабежот, кој се случи минатиот месец, се одиграл кратко по отворањето на музејот. Засега не е пронајден никаков траг од накитот, а истрагата продолжува со цел да се идентификуваат сите инволвирани и да се врати вредниот плен.

Поврзани содржини