Ослободена германската кураторка во Багдад, по киднаперите се трага
Киднаперите се уште не се пронајдени, а Мјуз и е предадена на германската Амбасада во Багдад.
Германската кураторка на уметноста, Хела Мјуз, која неделава беше киднапирана во Багдад, денеска е ослободена во акција на ирачките безбедносни сили.
Американските медиуми наведуваат дека, врз основа на собраните разузнавачки информации, операцијата била извршена утринава на локација југоисточно од Багдад, а во моментот кога била пронајдена Мјуз имала превез врз очите.
Киднаперите се уште не се пронајдени, а Мјуз и е предадена на германската Амбасада во Багдад.
Таа беше киднапирана пред германскиот уметнички центар во Багдад каде работеше, а нејзиното исчезнување беше пријавено во вторникот.
Освен што е позната во уметничките кругови во Ирак, Мјуз е и истакнат поддржувач на масовните антивладини протести во таа земја.
Никој досега не ја презеде одговорноста за нејзиното киднапирање, ниту е познато кој стои зад овој чин, пренесуваат американските медиуми.