Пејачката Адел ги шокираше сите кога во мај годинава објави фотографии на кои изгледаше непрепознатливо. По разводот со Симон Конецки, таа почна да тренира и се подложи на диета, а на крајот изгуби повеќе од 45 килограми.
Адел сега на својот профил на Инстаграм објави нова фотографија од нејзината завидна линија, но вниманието на некои следбеници го привлече нешто друго.
На фотографијата Адел позира во костим за капење со дезен на знамето од Јамајка. Таа ја врзала косата во мали пунџи и сакала да го одбележи карневалот во Нотинг Хил, кој беше откажан оваа година поради пандемијата на коронавирусот.
Меѓутоа, се чини дека изборот на фризура не била добра идеја, бидејќи нејзините следбеници наскоро ја нападнаа заради крадењето на црнечката култура. Тие посочија дека малите пунџи познати како Bantu Knots се заштитен знак на Афроамериканците па ја обвинија пејачката дека сака само да ги привлече симпатиите на црнечкото население.
FOTO: Instagram